Услови на користење

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА BLOK.MK

Со пристап на нашиот портал Blok.mk, секој посетител дава согласност дека ги има прочитано и разбрано правилата на користење.

Секој посетител има право на користење на содржината на порталот Blok.mk бесплатно додека не ги крши правилата на користење.

Сите податоци објавени на платформата Blok.mk се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување.

Содржините на платформата Blok.mk се наменети за корисници од сите возрасти.

Објавените услуги мора да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија.

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас за недвижнината. Blok.mk го задржува правото да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во секое време со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет-страницата.

Доколку Вашите податоци би можело да се употребат за рекламен материјал и слично, за истото претходно писмено ќе побараме Ваша согласност, а крајно за истото имате право веднаш да не известите за Вашето барање податоците да не бидат користени за такви цели.

Не е дозволено преку други корисници да се собираат лични информации како е-мејл адреси,телефонски броеви, или истите да се добиваат на било каков начин без согласност од корисниците. Исто така не е дозволено да се копираат, менуваат или прошируваат содржини на туѓи огласи. Доколку забележите било каква злоупотреба, Ве молиме веднаш да не известите, како би можеле да преземеме соодветни дејства.

КАТЕГОРИЗАЦИЈА

Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:

  • Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
  • Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
  • Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, се издава или се бара за изнајмување.
  • “Се изнајмува” како тип на оглас е достапен во одредени категории. Доколку оваа опција не е достапна, предметите кои се за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се продава”, а предметите кои се бараат за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се купува”.

Не е дозволено да внесувате повеќе од една недвижност во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите недвижности.

Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.

ОДГОВОРНОСТ

Blok.mk не ја сноси одговорноста за потеклото на услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.

АВТОРСКИ ПРАВА

Blok.mk во секое време ги има авторските права за сите овластени материјал (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмски код) на оваа платформа. Неовластена употреба на кој било дел од порталот се смета за прекршување на авторските права на Blok.mk и може да доведе до правни дејства.

ФОТОГРАФИИ

Blok.mk не станува сопственик на објавените фотографии, но го задржува правото на употреба на слики во други програми.

Споредете ги огласите

Спореди