Често Поставувани Прашања

Blok.mk е иновативна платформа за огласување на недвижнини каде што имате можност да најдете информации за купопродажба / изнајмување на станови, куќи, деловен простор и други видови на недвижнини.

Услугата е апсолутно бесплатна за купувачи и продавачи. Можете да аплицирате, да внесете неограничен број на имоти и да испраќате инстант пораки бесплатно.

При едно постирање може да се постават 10 слики. Ако клиентот сака да постави повеќе од 10 слики тогаш треба да ни испрати е-маил и да не информира со цел да му помогнеме во постирање на повеќе од 10 слики.

Blok.mk  е огласник за прикажување на недвижнината  и не се вклучува во купопродажни договори или некаков друг вид на договори освен постирање на недвижнините и не гарантира или не презема никаква одговорност понатаму.

Blok.mk е само поврзувачки мост помеѓу купувачот и продавачот на недвижнина, нема друга улога и не презема никаква одговорност во понатамошната постапка.

Доколку наидете на сомнителни постови и рекламирања, треба да испратите е-маил на info@blok.mk  и ние ќе преземеме мерки за отстранување на содржината.

Огласите кои имаат исти слики и иста содржина се дефинираат како дупликат огласи и ќе бидат избришани.

Blok.mk е оглас на недвижнини и не е дозволено да се внесуваат други видови на огласи ОСВЕН НЕДВИЖНИНИ (Куќа, Стан, Плац, Магацин, Деловен простор, Дневен престој, Вила, Барака, Гаража).

Внесување на повеќе (разни) имоти во еден оглас е забрането и администраторите имаат право да го отстранат истиот.

Ве молиме испратете го вашето прашање на info@blok.mk и ќе се потрудиме што поскоро да ви одговориме.

Споредете ги огласите

Спореди