Приватност

Blok.mk како сериозна платформа за огласување на недвижнини се грижи за заштита и сигурност на личните податоци на корисниците и затоа презема соодветни мерки за заштита на приватноста на своите корисници.

Ние вршиме обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на податоците на своите корисници, нивните законски застапници, добиени при користење на порталот, во согласност со одредбите на Законот за заштита на податоци и другите соодветни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на тајност, заштита и спречување на загуба, кражба и злоупотреба, промена или уништување на податоците.

Собраните податоци се дел од збирките на лични податоци на Blok.mk, а во својство на контролор на податоците, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.

Исто така Blok.mk овие податоци не ги дава на трето лице без дозвола на корисникот, имајќи предвид дека има обврска за заштита на приватноста на корисниците, освен во случаи на сериозни прекршувања на правилата или незаконски активности од страна на корисникот.

Добиените податоци за своите корисници ги користи за подобрување на платформата и прилагодување на потребите на корисниците кои ја посетуваат истата. Корисникот може да изврши промена, ажурирање, корекција или целосно отстранување на лични податоци и информации, со соодветно барање. Пред истекот на рокот за рекламирање, податоците можат да бидат избришани, врз основа на ваше писмено барање, со тоа што сите евентуални одговорности поради тоа ќе паднат на товар на корисникот,односно Blok.mk нема да ги сноси последиците кои евентуално можат да произлезат од барањето на корисникот.

Blok.mk не презема никаква одговорност во врска со точноста на податоците, огласувањата или пораките оставени од страна на посетителите кои го посетуваат порталот.

Blok.mk го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време без претходна најава.

Споредете ги огласите

Спореди